16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невеста на денот на свадбата добила отказ како „честитка“ од газдата

Млада Британка во „The Ben Askins Show“ откри необична приказна која ги шокираше водителот и гледачите.

Таа објасни како пораката на нејзиниот работодавец на WhatsApp „го уништила најубавиот ден во нејзиниот живот“, кој го организирала заедно со младоженецот на Кипар.

Девојката уживала на својот свадбен дочек со љубовникот, семејството и гостите кога добила порака од шефот, пренесува NDTV.

„Сите во друштвото знаеја дека се мажам и дека сме патувале. Шефот ја започнал пораката со зборовите: „Се надевам дека свадбата помина добро и вие сте добро“. Не се посомневав во ништо, па продолжив да читам“, објаснила таа.

Потоа следеше шокантен пресврт, а шефот напиша: „Само сакав да ти кажам дека си отпуштена. На вашата лична адреса е испратена е-пошта со сите детали. Навистина ми е жал и ти посакувам се најдобро во понатамошната кариера“.

Девојката објаснила дека не го држела телефонот за време на церемонијата, а кога подоцна сакала да ги погледне пораките, очекувала честитки.

„Прво забележав дека сум избркана од сите компаниски групи. Не разбрав што се случува. Тогаш ја видов пораката на шефот. Моите пријатели седеа до мене додека се тресев“, откри таа во емисијата.

Во официјалниот мејл било наведено дека „не ги оправдала очекувањата“, но девојката тврди дека никогаш не добила приговори за нејзината работа.

„Пред извесно време вработија едно лице и гледајќи наназад, мислам дека тоа беше моја замена цело време“, рече таа./Извор:Makfax