16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшен судар на возови во Чешка: Четири лица загинаа, 23 се повредени

Страшен судар меѓу патнички и товарен воз се случи синоќа во Пардубице (Чешка) и во таа прилика четири лица го загубија животот, а 23 се повредени.

Соопштено е дека брзиот воз од Прага до Словачка Кошице, со околу 200 патници, се судрил со товарен воз во Пардубице, на околу 100 километри источно од главниот град на Чешка. Портпаролката на локалните спасувачки служби изјави за чешката телевизија дека има и тешко повредени.

Според железничката управа, возовите се судриле на новата постојка Пардубице центар, а судирот го прекинал сообраќајот на коридорот кон Моравска, се наведува на веб-страницата на Чешката железница. Според објавените фотографии и видеа, возовите директно се судриле, а најмалку еден вагон од патничкиот воз излетал од шините и делумно се превртел.

На местото на несреќата веднаш пристигнале министерот за внатрешни работи Вит Ракушан и министерот за транспорт Мартин Купка. Ракушан изјавил дека брзиот патнички воз е на приватната компанија RegioJet. Тој додаде дека никој од повредените не е во животна опасност.