Centar.mk
СВЕТ

Путин одговори за кого навива на изборите во САД, Бајден или Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин одговори на прашањето за кого навива на претстојните претседателски избори во САД, Џо Бајден или Доналд Трамп.

– Се на се, не ни е грижа – одговори Путин за време на средбата со лидерите на водечките светски новински агенции.

Тој додаде дека резултатот од изборите во Соединетите Американски Држави не е особено важен за Русија.

– Ништо сериозно нема да се промени во односите меѓу САД и Русија како резултат на овие избори – додаде тој.

Тој изјави и дека Русија не се мешала во изборите во Соединетите Американски Држави, ниту ќе се меша.

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +