Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

117 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за непрописно престројување при возење… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК