Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лога: Две-третини за Програмата на ВМРО, но не и за уставните измени

Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со дво-третинско мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност, вели Кренар Лога од Алијансата за Албанците.

„Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор. Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование, односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што ќе направи уште едно министерство водено од Албанци безвредно“, вели Лога иронично додавајќи „нема врска друже, здравството не го чепкаат, зборував со Мицко“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК

ОДЗЕМЕН ПРИСТАПОТ ДО СТУДЕНТСКИТЕ ДОСИЕЈА – Универзитетот во Штип презеде мерки по истрагата за електронскиот индекс

ДЕСК

ЗАГАДУВАЊЕ СО ПМ10 ЧЕСТИЧКИ ВО ПЕТ МЕРНИ ПОДРАЧЈА – Нов извештај за воздухот во Македонија

ДЕСК