39.8 C
Скопје
15. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со српската амбасадорка Невена Јовановиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше определбата од македонска страна за натамошно унапредување на меѓусебните односи по пат на отворен дијалог, за сите прашања од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека просперитетот и стабилноста на целиот регион, но и неговата европска интеграција, меѓу другото зависат и од нашите добри билатерални односи и посочи дека ќе работи во насока на продлабочување на односите, проширување на соработката, зацврстување на заемната доверба, разбирањето и добрососедството.

Претседателката Сиљановска Давкова и амбасадорката Јовановиќ разменија мислења и информации за актуелните состојби во регионот, во контекст на неговата европска перспектива.

Амбасадорката Јовановиќ упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата.