Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Северна Македонија

На 29.05.2024 во 08.00 часот кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Северна Македонија, соопшти МВР.

Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото. При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК