Centar.mk
СВЕТ

Северна Кореја лансира 10 проектили кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше ракети кон Јапонското Море, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

„Нашата војска го зголеми надзорот и будноста и тесно споделува информации поврзани со севернокорејските балистички ракети со американските и јапонските власти“, објави јужнокорејската војска.

Северна Кореја вчера беше обвинета дека преку границата со Јужна Кореја испратила стотици балони со отпад и измет. Во понеделникот, Северна Кореја објави неуспешен обид да лансира сателит во вселената.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тензиите на Корејскиот полуостров повторно се зголемија во последните месеци./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот

C +

Куба остана без дизел и нафта за греење, струја нема до 20 часа на ден

C +

Валш: Поскапите авионски билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на цените на горивата

C +