„Мојата проценка е дека барем две години ќе има грејс период оваа влада, а ако се сеќавате и Груевски го имаше тој грејс период и тие години беа, ако ги заборавиме после 2008-та година годините се сметаа за успешни години. Тоа беа едни технократски мирни води кои што државата идела напред или имавме перцепција дека одиме напред, а големите теми биле потиснати, како меѓуетнички односи, национализам итн. Овие сега имаат простор да научат од грешките, ќе видиме тоа, и да влезат во некоја нова приказна,“ посочи аналитичарот Гордан Георгиев, во Политиканти на Слободен печат, како коментар дали не очекуваат мирни води со новата власт.
Тој притоа додаде дека, она каде што можеме е да ги следиме дали ќе ја заробуваат државата, како ќе се справат со корупцијата, бидејќи тоа беше главниот наратив дека државата е корумпирана и како ќе се справат со албанското прашање. Три големи теми. Воедно сугерираше дека Европа ќе биде малку ставена на страна, а тоа е веќе очигледно казко и дека нема да ја форсирааат таа агенда.
„СДСМ секогаш се бавеле со државни прашања, НАТО и ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ се микро менаџери. На СДСМ програмата се големи теми, а програмата на ВМРО-ДПМНЕ е микро-локална. И кога одат ВМРО-ДПМНЕ на терен одат со локални теми и ги “купуваат“ граѓаните. Овие се големи, интелектуалци се, знаат каде треба да оди државата, ги знаат големите магистрали, утре ќе влеземе во НАТО, задутре во ЕУ. Таа голема дикрепанца го направиогромниот резултат за ВМРО и огромната бланко поддршка,“ истакна Георгиев.