6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата.

„Знаете дека тие ленти не се многу големи, разговаравме во кабинетот, имавме и разни мислења меѓу себе, на пример, јас имав мислење дека може ‘РС Македонија’ бидејќи немаше простор. Но, некако на крајот рековме дека можеби бидејќи јас сум на чело на делегацијата, државна, црковна, ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам многу од нив, многу се логични. Македонија ја претставувавме таму. Но, веројатно во време кога, по мојот говор, по моето избегнување на говорницата на официјалното име на државата, по определувањето за Македонија, врз основа на правото на самоопределување или слободата на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Не мислам дека тоа е не знам каков проблем, ниту негирање на Македонија ниту негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата, кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, одговори Силјановска-Давкова на новинарското прашање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +