Анџело Онорато, сопруг на италијанската европратеничка Франческа Донато, е пронајден мртов во својот автомобил во Палермо, пренесува Corriere della sera.
Истрагата за неговата смрт е во тек, но според италијанските медиуми се поверојатно е дека тој си го одзел животот. Но, неговата сопруга се сомнева дека тој е убиен.
Таа се посомневала дека нешто се случило со нејзиниот сопруг откако тој не одговорил на нејзините повеќекратни повици. Таа на крајот го пронашла неговиот автомобил користејќи ГПС и се јавила на 911.
Тој бил пронајден на возачкото седиште со пластична лента околу вратот. И покрај тоа што првично објавија италијанските медиуми, на неговото тело не се пронајдени прострелни рани. На маицата била пронајдена дамка од крв.
Истражителите не ја исклучуваат можноста дека Онорато требало да се сретне со некого на улицата каде што е пронајдено неговото тело.
Онорато беше архитект и сопственик на продавница во Палермо. Се занимаваше со политика како неговата сопруга, а во 2022 година се кандидираше за регионални избори на листата на демохристијаните, но не беше избран.
Во 2019 година, неговата сопруга беше избрана во Европскиот парламент, каде што се истакна по нејзините евроскептични ставови и противење на вакцинацијата и рестриктивните мерки за време на пандемијата./Извор:Makfax