Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска улица, потврди МВР.

Убиениот е 29-годишен скопјанец, кој заедно со уште едно лице на 19-годишна возраст, исто така од Скопје, биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош, 29-годишникот, кој бил примен во тешка состојба, им подлегнал на повредите.

„На 26.5.2024, околу 23.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеватот Никола Карев во Скопје имало пукање“, информираат од МВР.

„Во 23.45 часот од Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т. А. (24) од Скопје. Во 23.51 часот од комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О. Б. (19) и А. И. (29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот, на 27.5.2024, А. И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД 2026: Студ ќе ја обвие Македонија, доаѓа силен ветер, на некои места ќе вее и снег

ДЕСК

Утре сончево време, утрински температури до -10 степени

C +

УЖАС: Додека се возел со автомобилот во кој било и неговото семејство врз кровот удрило заталкано зрно од огнено оружје

ДЕСК