„СДСМ, ќе мора да расчисти еднаш за секогаш со клиентелизмот. Во актуелнава состојба овој предизвик е со олеснителна и поволна околност, затоа што “губитничкиот” тестамент сам ќе ги исфрли од играта клиентелистите, па така “посветените” ќе имаат многу повеќе простор, а ова исто е тенденцијата согласно по логиката на инклинирање кон победникот. И зошто е ова важно, покрај се ? Од една многу проста демократска причина. На секоја демократија, па и на нашата, неопходна и е здрава, пргава, и силна опозицијата. Во спротивно полесно постанува автократија,“ посочува универзитетската професорка Ана Чупеска за „Либертас“.
Професорката посочува три важни работи кои треба да се земат предвид сега, наместо да се бара кој е крив за изборните резултати, посочувајќи на СДСМ. Според неа, расправата да се насочи кон конкретни методи и солидна сила, прво во правец да се спречи понатамошното кооптирање кон победничкиот естаблишмент (што е во тек, а и ќе продолжи по инерција во следниот период- заради една многу проста и стара шема: на приклонување кон победникот). Како втора работа, посочува дека важно е СДСМ да се ситуира повторно низ потребата од идејно угнездување и анимирање на оние кои не се членови, а сепак се прогресивни по убедување. И како трето, вредноста на мултикултурата која беше prima sticky материјa, а попатно се размачка како кашканица, ќе мора одново да се утаби на новите шини, односно да се втисне, пломбира. И ова од особена вредност сега кога условите се вистински предизвикувачки за ваков идеен come back на мултикултурата.
Според неа, нужна е старо-нова мултикултурална артикулација, изведена по свежа метода и низ нови внатрепартиски процедури. Оригинални и уникатни.
Во однос на внатрепартиските состојби, Чупеска посочува дека тие добиваат чудни димензии и изразува убедување дека важно е во СДСМ да се осигура дека ќе има баланс меѓу континуитетот (на пр. преку заседание на првенците и наследниците) и дисконтинуитетот (новото СДСМ).