Centar.mk
СВЕТ

Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо.

„Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер).

Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.

Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операција.

Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Убиецот на јапонскиот премиер осуден на доживотен затвор

ДЕСК

Белгискиот премиер: Трамп е гладна гасеница

ДЕСК

Во Србија стигнуваат летачките такси

ДЕСК