„СДСМ е голема политичка партија. СДСМ како носител на извршната власт во државата покажа капацитет дека може да придонесе да се случат избори по највисоки демократски стандарди. На изборниот процес можат да ни позавидат и земјите членки на Европската Унија. СДСМ исто така покажа капацитет, доблест во ситуација кога се покажа дека јасно губи за претседателските избори знае да одигра за државата. Излеговме и гласавме да има цензус. И тоа не е за аплауз ама треба да се нотира. СДСМ знае да покаже дека знае да избере претседател на најдобар можен начин. рече директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и член на раководството на СДСМ во Студио 10 на Телевизија 24.
Тој додаде дека очекува изборот на кандидат за претседател на СДСМ ќе се одржи во фер постапка преку презентирање на програми и концепти.
„Ако веќе тоа сме го овозможиле во рамки на државата, нема причина да не можеме да го обезбедиме тоа во рамки на партијата. Не се делегатите тие што го бираат претседателот. Системот е поставен на начин што ја прави СДСМ една од ретките партии во регионот и во Европа, што бира претседател на непосреден начин и тоа е добро“, заклучи Деспотовски.