Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека регионот на Западен Балкан, веројатно, ќе чека уште шест години за да влезе во Европската Унија и дека тоа е во ред.
„Знам дека нема да бидеме дел од Европската Унија, никој од нас, пред Украина. Кога ќе влеземе во Европската Унија, дали ќе влеземе заедно со Украина, тоа е друг проблем. Вие имате свое мислење, но мојата интелигенција ми кажува дека сум во право. И, се разбира, тоа е нешто што се случува во моментот. Веројатно, ќе почекаме уште шест години, што е исто така добро“, додава тој.
„Во вашите земји можеби Европската Унија е толку популарна, кај мене не е толку популарна, како што не сме толку популарни и ние, иако сме најголемиот дел од овој регион. Никогаш нема да кажеме лоши работи за важноста на оваа иницијатива“, рече Вучиќ./Извор:Makfax