Centar.mk
РЕГИОН

По атентатот на Фицо, Вучиќ добил порака дека тој ќе биде следен

Српската полиција уапсила едно лице поради, како што се вели, упатување закани кон претседателот Александар Вучиќ.

Според вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, уапсениот е Д. М. од Сомбор и тој е веќе во 48-часовен притвор.

„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на државата, сомборецот Д. М. е уапсен и одредена му е мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи.

Како што пренесуваат српските медиуми, заканувачките пораки кон Вучиќ биле откако тој на социјалната мрежа „Икс“ објавил дека е шокиран од атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо нарекувајќи го голем пријател на Србија. Во одговорите на неговата објава пишувало дека следната цел ќе биде Вучиќ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА ЗАПОЧНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА – Средби со американски претставници пред формирањето на новата власт

ДЕСК

НАД 71 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ДЕНА – Грција го објави распоредот за исплати од 16 до 20 ноември

ДЕСК

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА НОВА ВЛАСТ – Политичките услови ги отежнуваат преговорите

ДЕСК