Centar.mk
СВЕТ

Состојбата на Фицо е стабилна, но неговиот живот се уште е во опасност

Министерот за одбрана и вицепремиер на Словачка Роберт Калињак изјави дека состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но дека неговиот живот се уште е во опасност.

– Ситуацијата се уште е тешка. Лекарскиот тим во болницата Рузвелтова во Банска Бистрица прави големи напори да се придвижи кон поволна прогноза. Не можам да кажам дека победуваат и дека прогнозите се поволни, бидејќи раните од четири куршуми се толку тешки што треба да се чека. Успеаја да ја стабилизираат ситуацијата, но премиерот не е надвор од животна опасност – изјави Калињак за новинарите.

Калињак, еден од најблиските соработници на Фицо, апелираше до сите да се потрудат да ги смират страстите и побара од медиумите да изнесуваат што помалку факти и да престанат да се натпреваруваат за побрзо објавување на непроверени вести.

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК