Centar.mk
СВЕТ

Застрелан словачкиот премиер

Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска е застрелан во Хандлова каде се одржуваше седницата на Владата.

Според првите информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели. Неговото обезбедување веднаш го пренело во болница.

„Слушнав три или четири истрели. Видов како Фица ја креваат од земја. Полицијата го уапси напаѓачот“, го опиша инцидентот новинар за Aktuality.sk.

Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека се работи за атентат.

Местото каде што се случило е евакуирано, а за останатите членови на Владата се грижеле полицајци и обезбедување.

Засега нема информации за состојбата на Фица.

Можеби ќе ве интересира

Поранешен американски дипломат: Трамп му испрати ужасна порака на Зеленски

ДЕСК

Макрон: Европа никогаш не ги прекинала контактите со Москва

ДЕСК

Одмаздата на Путин пристигна: Брутален напад врз Украина

ДЕСК