22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења во Скопје, Битола, Неготино и струмичко

На 14.05.2024 во 16.30 часот во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода лице (45) од струмичко село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.05.2024 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице (42) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.05.2024 во 13.25 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино привеле лице(40) од Неготино. Тој бил баран по распишана централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 14.05.2024 во 19.25 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.