Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

173 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Скандал од невидени размери е Мицкоски да му дава насоки на обвинителот

ДЕСК

Филипче: Трендовите се јасни ВМРО губи гласови а СДСМ расте

ДЕСК

НОВ БРАН ПОСКАПУВАЊА НА ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА – Од денеска на бензинските нови повисоки цени за бензинот и дизелот, одлучи РКЕ

ДЕСК