18.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Досега 360.000 Палестинци побегнале од Рафа, објави Агенцијата на Обединетите нации

Приближно 360.000 жители на Појасот Газа го напуштија градот Рафа во јужниот дел на палестинската енклава откога Израел нареди евакуација на дел од градот минатата недела, објави Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (UNRWA).

Во исто време, Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, изјави дека здравствениот систем е во опасност од колапс „во рок од неколку часа“ откако борбите ја блокираа испораката на гориво преку клучните премини, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Ние сме на само неколку часа од колапсот на здравствениот систем во Појасот Газа поради недостигот на потребното гориво за работа со генератори во болниците, амбулантите и за транспорт на персоналот“, се вели во соопштението на Министерството.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) минатиот понеделник почнаа со евакуација на Палестинците од источната периферија на Рафа пред израелските сили да влезат во областа.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (UNRWA) соопшти дека приближно 300.000 луѓе биле погодени од наредбите за евакуација во Рафа и Џабалија, но дека бројките веројатно би можеле да бидат поголеми бидејќи станува збор за густо населени области. Речиси милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во другите делови на енклавата, најдоа засолниште во Рафа./Извор:Makfax