Centar.mk
СВЕТ

Луѓето што имаат проблеми со тежината во ЕУ одат на боледување 2,5 пати повеќе од другите

Луѓето што имаат проблеми со тежината во Европа имале 2,5 пати поголеми шанси да одат на боледување од другите, покажа истражувањето презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција.

Според истражувањето на 122.598 работници во 26 европски земји, луѓето што имаат проблеми со тежината толку повеќе земале боледување наведувајќи болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.

Боледувањето е двојно зголемено во Обединетото Кралство во последните 10 години намалувајќи ја продуктивноста на британската економија за речиси 33 милијарди фунти./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лекар од крузерот позитивен на хантавирус: „Симптомите личеа на грип“

C +

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

C +

Планот на Трамп предизвика паника во Азија

C +