Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет и автомобил во Струмица, тешко повредена 47-годишна жена

На 11.05.2024 во 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул. „Балканска“ и ул. “Крушевска република“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК