13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК апелира на внимателност при појава на силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, најавени за попладне

Метеоролозите најавија дека денеска, особено попладне, ќе има локална појава на метеоролошка нестабилност, со локално пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

ЦУК апелира на голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи, како што додаваат од центарот, се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

ДЕСК

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

ДЕСК

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.