Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пендаровски: Мојот концепт за мултиетничка Македонија, целосно интегрирана во евроатлантските структури, за жал не доби мнозинска поддршка од граѓаните

„Сакам согласно резултатите кои досега ги видовме да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните 4-5 години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија, целосно интегрирана во евроатлантските структури, денес за жал не доби мнозинска поддршка од граѓаните, но јас сум длабоко уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна, и демократска држава,“ изјави на прес конференција кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Тој посочи и дека , неговата совест е мирна. Но и дека не е сигурен дали совеста им е мирна и на оние кои тргнувајќи од тесно партиски, лични и политички интереси, денес ефективно спречија илјадници наши граѓани, да го земат и второто ливче и да гласаат на претседателските избори.

„Меѓутоа реков резултатите наспроти се, се јасни и уште еднаш им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба на македонските граѓани,“ порача Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК