Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Им честитам на победниците, само целосно интегрирана во евроатлантските структури Македонија може да биде просперитетна и демократска држава

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва по заврпување на изборниот прцес се обрати пред јавноста.

Пендаровски се заблагодари на добиените гласови, изрази почит за добро организираните фер и демократски избори и им честиташе на победниците.

„Резултатите се јасни и сакам согласно резултатите што ги видовме до сега да им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири односно пет години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евроатлантските структури денес за жал не доби мнозинска поддршка од граѓаните, меѓутоа јас сум длабоко уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Во таа смисла мојата совест е мирна. Не сум сигурен дека совеста им е мирна, на оние кои тргнувајќи од теснопартиските и лични и политички интереси денес ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат и на претседателските избори. Но како што реков, резултатите наспроти се, се јасни и уште еднаш им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба на македонските граѓани“ порача Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК