Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина

По преземени мерки и активности, на 29.04.2024 во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопшти МВР.

Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал. Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово.

По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар. Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А.. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК