Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Само СДСМ вистински се бори за ЕУ

Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ сака да избега од темата, од уставни измени од темата Бугарија, порача вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат.

Јас знам дека е непријатна и тешка тема за сите нас, но ние мора да понудиме одговор а прашањето како ова држава натаму ќе се развива. Кој е моделот за развој? Јас сум убеден дека најдобриот модел за развој на нашата држава е ЕУ. Дека ниту една партија тоа не го оспорува, исто така е точно, меѓутоа не е бтно тоа само реторички да го поддржуваме. Тоа е механизам како ние да станеме подобро општество и држава” порача Маричиќ.

Според него тој процес е тежок но носи придобивки за граѓаните и државата.

,,Тоа е тежок процес и јас не велам дека само СДСМ може и само СДСМ има право, но само СДСМ се бори во моментов и само СДСМ упорно ја става оваа тема на маса и мислам ако ВМРО-ДПМНЕ и сите други партии имаат искрена желба нешто да направат, паралелно мора да течат и реформите и добрососедските односи и сето она што значи односи со ЕУ” кажа Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +