17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: На осми мај граѓаните ќе видат посилен и пообединет СДСМ

Секојдневно сме на терен комуницираме од месни одбори па се до највисоките позиции во партијата, рече Бојан Маричич во интервју за Слободен печат.

Тој посочи дека членството очекува посилен СДСМ и дека на осми мај тоа и ќе се покаже на дело.

„Членовите на СДСМ сакаат да го видат СДСМ посилен, пообединет и подостоен на своите политики и сигурен сум дека и таков ќе го видат на осми мај. Ова не е броба за гола власт, ова е борба за одржување на силен демократски бедем. Тоа е слобода и демократија, грижа за граѓаните, грижа за стабилни и мирни меѓуетнички односи“ рече тој.

Маричиќ направи потсетување за перидот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и ден денеска користи силни запалива националистичка реторика.

„Да не заборавиме што се се случи во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Да не ги отворам тие рани. Дали сакате да зборуваме за Диво насеље за Смилковско езеро….тоа се тешки рани за нашето општество и ние не сакаме никогаш да се повторат тие работи. Затоа мора партиите да не си играат со чувствата на граѓаните, ние можеби ја плаќаме цената што не сакаме да си играме со чувствата на граѓаните, во однос на меѓуетничките односи. Најлесно е да се запали таа реторика, но голем дел од граѓаните имаат разум кај себе дека не треба да влегуваат во таква битка“ порача Маричиќ