24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ и коалицијата повикуваат на обединување на сите прогресивни сили, со јасен план и програма за правецот на државата

„Видете Максим Димитриевски имаше формирано согласно со нашето демократско општество свое движење, јас можам да ви кажам дека од исти град сме сите, можам да кажам и дека сме пријатели. Се знаеме и ние, се знаат нашите родители, па и нашите дедовци. Членови на таа партија се наши поранешни членови има и роднини кои што сега едниот е во СДСМ другиот е во ЗНАМ. Всушност тоа се гласови кои што практично беа незадоволни од политиките на СДСМ пред се внатрешно, веројатно поради однесувањето на дел од некои наши другари. Ги земам и тие кои го искажаа својот револт и гласаа за партијата ЗНАМ. Практично тие гласаа против своите. Многу е лесно да гласаш против своите, тешко е да гласаш против политичкиот противник бидејќи кога гласате против своите вие на крај на денот не можете да бидете победник“,“ посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за 360° на МРТ 1.

Тој посочи дека секој глас кој што го намалува потенцијалот на СДСМ ја зголемува разликата со ВМРО-ДПМНЕ. Како и дека кога ќе се погледнат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се 360 илјади, а гласовите на СДСМ и левиот спектар на гласови тогаш тоа се далеку над 250 илјади гласови. И затоа вели Ковачевски, дека секое раситнување било на Левица, било на десница практично работи за другата страна.
„Ние сме имале таков случај во 2006та година кога беше формирана партијата НСДП, партијата НСДП брои околу 67-68 илјади гласови и тоа го намали потенцијалот на СДСМ со 300 и нешто илјади гласови ВМРО-ДПМНЕ во тоа време формираше Влада и владееше 11 години со коалиционен партнер на СДСМ,“истакна Ковачевски.

Тој посочи дека СДСМ и коалицијата повикува на обединување на сите прогресивни сили кои што се за програмата предложена од СДСМ која што програма ги има наведено сите грешки кои што биле направени во изминатите 7 години и дава многу јасен план за тоа каде треба да се движи државата на сите полиња, од економски, владеење на правото, борба против корупција, грижа за млади, грижа за сите, зголемување на пензии, зголемување на минималната плата, на просечната плата.