12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Заев: Шарената револуција сруши режим со ненасилни методи

„Како политичар, затоа што бев градоначалник и еден од водечките луѓе во најголемата опозициска партија СДУМ се здруживме со граѓански активисти, со обични луѓе, со академска заедница, со неколку независни новинари, затоа што довербата кон политичарите беше многу ниска, секаде, така што дефиниравме неколку критериуми како ќе постапиме заедно, договоривме 3 основни критериуми и тоа беше пресудно да се обезбеди основата за издигнување, прво дека Шарената револуција не е насилно движење, второ, дека целта на движењето е да го собори режимот на Груевски во Македонија“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на настанот во организација на невладината организација Канвас.

Тој појасни дека Шарената револуција била партиципативен модел, дека никој нема монопол над движењето.

„И се трудевме да се разбереме и се трудевме да се цениме затоа што имаше голем ризик. Јас лично бев уапсен, многу новинари беа апсени сите овие години и режимот растеше низ годините, а ние го започнавме најголемиот митинг што го гледате овде, најголемиот беше на 17 мај 2015 година, повеќе од 100 илјади луѓе“, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +