Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Внимание: Граѓаните сметаат дека ако не се гласа, тоа ќе биде неубаво за државата, мора секој граѓанин да гласа за својот претседател на државата

На овој убав празничен ден за демократијата, екипата на „Внимание“ ги праша граѓаните – „Дали среда е среќен ден за гласање?“. Повеќето граѓани велат – да, ама некои велат „за кого како“, „не менва денот, дали среда, дали недела“ – вели еден битолчанец.

Мнозинството граѓани велат дека ќе го остварат правото на глас, за кое се бореле генерации пред нас: „Ако не гласаме, оставаме другите што гласаат, да гласаат во наше име“, „Сметам дека секој човек што му е овозможено правото да гласа, треба да излезе на гласање и да го покаже тоа“, велат младите.

На прашањето „Имаме ли граѓанска должност да гласаме за претседател?“, граѓаните велат: „Да, сепак тоа треба да биде избор од народот“, „Ако не гласаме, тоа ќе биде неубаво за државата“, „Па мора секој граѓанин да гласа за својот претседател на државата“.

На прашањето „Кога има повеќе каење – после гласање, или после негласање?“, граѓаните дадоа повеќе одговори.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК