25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ беше и остана расадник на транзициони профитери, кои денес поддржуваат ветинг на политичарите само во последните 5 години

„ВМРО-ДПМНЕ беше и остана расадник на транзициони профитери, кои денес поддржуваат ветинг на политичарите само во последните 5 години затоа што мислат дека народот не памети како во времето на транзицијата некои од нив несразмерно го зголемија својот имот и станаа милионери. Нивниот кандидат за претседател ниту еднаш не се појави сам пред граѓаните да ги објасни своите ставови затоа што на митинзите наместо неа зборуваше претседателот на партијата кој со тоа по повлекувањето на граѓанските потписи уште еднаш потврди дека предложиле лојален партиски послушник а не граѓански кандидат за највисоката функција “ претседателот Стево Пендаровски на голем сенароден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина.
Тој додаде дека претседател на државата не може да биде некој што не прави разлика меѓу врховен командант на вооружените сили и началник на Генералштаб.
„Кандидат кој до пред некој ден ја немаше објавено својата изборна програма. Човек кој не сакаше да учествува на дебати со сите седум кандидати затоа што правеше селекција според лични критериуми, кој до нас е достоен да дебатира со неа. Најголема пародија е што за загрозени права и слободи на граѓаните и за хибриден режим ламентира кандидатката чиј сопруг остави стотици семејства без работа и приходи по пропаѓањето на имотите и фирмите кои ги купи со заработени пари од кршењето на санкциите. Или обвинувањата без ниту еден приложен доказ дека јас сум бил соучесник во корупција и криминал а тие со кршењето на санкциите на ОН со сопругот станаа мултимилионери.“, заклучи Пендаровски.