Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Нема отстапки од грижата за пензионерите и од нови покачувања на пензиите!

Кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ на социјалните мрежи:

Нема отстапки од грижата за пензионерите и од нови покачувања на пензиите!

Во новиот мандат, минималната пензија ќе изнесува најмалку 20.000 денари, а просечната ќе достигне 30.000 денари. Со тоа ќе овозможиме стабилен пензиски систем, повисок животен стандард и сигурност за сегашните и за идните пензионери.

Јавното здравство ќе биде бесплатно за сите осигуреници преку целосно укинување на партиципацијата од 20%.

Планираме воведување енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март. Ќе воведеме зимски регрес за пензионерите, почнувајќи од декември 2024 година, во износ од 3.000 до 6.000 денари, при што највисока поддршка ќе добијат пензионерите со пониски пензии.

Како што ќе растат внучињата, така ќе растат и грижата и приходите за нашите пензионери.
Ви благодарам за дружбата денес, драги пријатели пензионери од Карпош.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК