24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Левен: ПЕС ја дава поддршката на СДСМ затоа што знаеме дека многу напорно работат за членството во ЕУ на државата

„СДСМ е членка на ПЕС. Добро е за дискусијата во земјата што конечната одлука е на Македонците. Гласот е во нивните раце. Но, ние ја даваме нашата поддршка за СДСМ затоа што знаеме дека тие многу напорно работат со членството во ЕУ и јас разговарав со Зоран Заев кога тој беше премиер. Го поддржавме“, рече Стефан Левен, претседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на интервју во Дневникот на Сител.

Според него, најдобриот начин сега е државата да продолжи по патот кон ЕУ.

„Можам да ја разберам фрустрацијата на луѓето, но трпението ќе победи на долг рок. Колку повеќе земји имаме во ЕУ, толку подобро, толку сме посилни, а сега ни е потребна силна Европа“ потенцираше Левен.

Тој ја изрази неговата поддршка и порача да продолжиме да работиме на патот кон ЕУ.

„Македонците не се сами во ова. Заедно сме во ова и ќе се погрижиме еден ден Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Не знам дали ќе има повеќе пречки кон патот на ЕУ, јасно е дека и Комисијата сакаше да ги започне преговорите и преговорите почнаа. Со новите инструменти и со финансиска поддршка, техничка поддршка, ќе постигнеме договор“ заклучи Левен.