Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во новиот мандат до 100% поголем капацитет на обновливи извори на енергија

Енергетската трансформација која започна токму во мандатот на Владата која јас ја предводев овозможи 600 мегавати енергија од обновливи извори наспроти оние 16 мегавати вкупно во времето на нашите политички конкуренти. Тоа е видлив и јасен резултат од добрите социјалдемократски политики. Во наредните четири години инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија ќе го зголемиме за 100%! – потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Тетово.

-Воедно секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добијат акции во вредност од по најмалку 8.000 денари или најмалку 500 евра за едно четиричлено семејство, со новата реформа за враќање на енергетските компании во рацете на граѓаните. Вредност која на берзата ќе биде далеку поголема – додаде тој.

Со големата енергетска реформа, државните енергетски компании ги враќаме назад, кај граѓаните. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК