11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема трагедија на патот Штип – Кочани – Полицијата излезе со детали за несреќата

На 20.04.2024 во 14.23 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода рапид” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(66) од Скопје и патничко моторно возило „пежо 206″ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Н.(40) од Кочани.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на возилото „пежо“ и Л.Д.(64) од Скопје, сопатничка во возилото шкода, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Штип. Возачот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увидот на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

Спонзорирано: