Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Дел од албанските партии, како и македонските, од етничките прашања направија бизнис – тоа мора да се промени по 8 мај

„Признавам дека во изминатиот период правевме грешки. Најмногу кадровски, но и политички, пред се во соработката со дел од коалиционите партнери. Знам и сум свесен дека дел од нив, ја поминаа црвената линија, и етничките прашања ги направија бизнис“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје.

Тој додаде дека дел од албанските партии, како и македонските, од етничките прашања направиле професија, бизнис и лични кариери.

„И тоа не е добро, и тоа мора да се промени, брзо и веднаш по 8 мај“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека тој не е создаден од политичкиот систем во државата, како некои претходно и сегашни политичари, туку доаѓа од народот и работи со искрена желба, добра мисла и волја.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК