14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски: Капиталните инвестиции во време на ВМРО-ДПМНЕ се движеа околу 270 милиони евра, а денес во време на СДСМ се над 710 милиони евра

„Поминаа речиси 7 години од како СДСМ ја има честа да ја води државата. И денес имаме добра можност да направиме пресек каде сме биле и до каде стигнавме. Во 2016 година минималната плата беше 9000 денари, денес е 22500. Просечната плата беше 22,500 денари, а денес е 40,000 денари. Тогаш беа потребни 4 минимални плати за една потрошувачка кошничка, а денес се потребни 2,5 минимални плати. Понатаму, пензиите од 2016 година до денес се покачени во просек за 6400 денари, а Невработеноста се намали од 25 % на 12,6 %. Капиталните инвестиции во време на ВМРО-ДПМНЕ се движеа околу 270 милиони евра, а денес во време на СДСМ се над 710 милиони евра“, потенцираше Благоја Бочварски на граѓанска средба во Штип.
Тој додаде дека со гордост може да каже дека Штип е вистински центар на истокот, град крстосница на нови модерни патишта кои го олеснуваат секојдневието, ни носат повеќе инвестиции, студенти на универзитетот и секако побезбеден сообраќај.
„Речиси 30 години немаше ниту еден голем капитален објект за градот, а денес после само 7 години имаме изграден автопат, два експресни патишта, изградивме мост на Брегалница, нова детска градинка, паркинг платформи, водоводи, тротоари, нови крстосници во населба Сењак и кај Алумина, конзоли на Отиња, намалена цена на вода за 10%.“ посочи Бочварски.
Тој додаде дека она на што е најмногу горд, еден од најважните проекти 4 децениската желба на штипјани, изградбата на браната на река Отиња.
„Ако некој не прашаше во 2017 дали овој проект ќе го изградиме, половина од нас не веруваа дека тоа е можно. Ние тргнавме да ја градиме во 2021 година, а денес браната е со сериозен прогрес на работите и наредната пролет ќе означиме крај на градежните работи. Овој проект го започнав не затоа што беше лесно, туку токму затоа што беше најтежок и најкомплексен проект, затоа што се работи за проект кој ја менува сликата на градот и целокупната реалност на штипјани“ истакна Бочварски.
Тој заклучи дека во наредниот мандат по завршувањето на изградбата на овој објект овде ќе се направи вистински рекреативен и туристички центар со велосипедски и пешачки патеки, содржини за најмладите и највозрасните.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.