14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Битиќи: СДСМ ќе воведе Данок на личен доход од 0% за оние со најниски примања – повисоки плати без оптеретувања за компаниите!

„СДСМ е за правично оданочување – и за да го поттикнеме економскиот раст и да ги поддржиме оние со ниски примања, ќе воведеме Данок на личен доход од 0% за компаниите кои исплаќаат плата од минималната до одредено повисоко ниво кое ќе се утврди со дебата и широк консензус“, порача коносителот на листата на кандидати за пратеници на „Коалицијата за европска иднина“ од Изборна единица 2, при денешната средба со жителите на општината Ѓорче Петров, во Скопје.
Преку оваа мерка за намалување на Данокот на личен доход од предизборната „Програма за европска иднина“ на СДСМ, во следните четири години ќе се намали даночното оптоварување на малите претпријатија и ќе стимулира отворање нови работни места, што на крајот ќе биде од корист и за работодавачите и за работниците.

„Ќе обезбедиме подостоинствени плати за поединци со пониски примања, со иста бруто плата овие лица ќе добиваат зголемена нето плата за 10%. Усогласено со основните начела на социјалдемократијата, оваа даночна реформа ќе ги намали разликите во приходите и ќе ја засили солидарноста меѓу граѓаните“, рече Битиќи.

На граѓаните од оваа скопска општина, Битиќи им посочи дека економската програма на СДСМ предвидува повеќе за сите, подобар живот за сите, доближување на животниот стандард до европскиот и сето тоа преку издржани и конкретни мерки.

Спонзорирано: