Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ во разговор со пензионерка од Карпош: Должни сме и обврзани да работиме да имате мирни и спокојни пензионерски денови

„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“ рече вицепремиерот за европски прашња и кандидат за пратеник од СДСМ, Бојан Маричиќ при средба со пензионерката Верица Јанева од Карпош.

Тој се обврза дека наредната Влада на СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.

„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии“ вети Маричиќ.

Тој исто така вети и енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона, за оние пензионери на кои тоа најмногу им треба.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК