22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Платите на културните работници од денес повисоки за 12 отсто, од 2019 покачени за 52 отсто

„Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор“ напиша на социјалните мрежи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека е исполнето и ветувањето и културните работници денес добија плати покачени за 12 отсто.

„Се борам веќе две години за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат. Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека со покачените плати се докажа дека Синдикатот на културата манипулираше.

„Ова на СКРМ беше очигледно предизборна игранка и манипулација. Вчерашниот состанок во Министерство за финансии не беше свикан со намерата која Синдикатот на културата на Република Македонија им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес се докажа тоа“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК