Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување!

-На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови за живот, соопшти СДСМ.

„На граѓаните им е доста од делби и поделби, не сакаат враќање назад во изолација и незивесност, сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина има конкретен план, волја и знаење, за исполнување на стратешката цел – членство на ЕУ.

Членство во ЕУ не заради остварување на европски сон, туку заради европски животен стандард, поголеми плати, пензии, подобро здравство, образование, правда. Само со членство во ЕУ се можно суштински и темелни промени во македонското општество.

Затоа не смееме да се откажеме. Патот до ЕУ е тежок но тој е вистинскиот. Нема откажување од иднината!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +