Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче ја отвори кампањата со видео во кое објаснува зошто се враќа во политиката

На првиот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори, д-р Венко Филипче, кој е носител на листата кандидати во Изборна единица 4, во видео објавено на неговата Фејсбук страница одговара зошто се враќа во политиката.

Во видеото кое е снимено во неговиот автомобил тој вели дека секогаш ќе биде со пациентите во операционата сала, но смета дека ќе може да помогне на многу повеќе пациенти и на многу негови колеги доктори како пратеник.

„Човек со две раце и само 24 часа во денот може да помогне на само еден одреден број на луѓе, а како пратеник преку креирање на закони, реформи и унапредување на здравствениот систем може да се помогне на многу поголем број на пациенти, а мојата основна цел ќе добие национални димензии“, вели Филипче во видеото.

Тој додава дека секогаш со истата жар ќе работи со пациентите и таму каде што му е местото на докторот во операциона сала.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/reel/412401158215636

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК