Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Борбата ќе заврши со победа на нашиот Стево Пендаровски, затоа што овој концепт нема алтернатива

Оливер Спасовски на социјалните мрежи:

Почитувани граѓани,

Важно е европскиот сон да го живееме овде во Македонија. Преку преговорите за пристап во Европската Унија ние ќе ги донесеме европските вредности во нашата земја.

Имаме лесен избор, од седумте кандидати за претседател, нашиот претседател Стево Пендаровски е човекот којшто го поддржува европскиот концепт. Човекот којшто се труди да обезбеди подеднакво простор за секој во Македонија. Човекот којшто не нѐ дели по ниту една основа, за него сите во Македонија се исти.

Затоа борбата ќе биде силна и на 24 април таа борба ќе заврши со победа на нашиот Стево Пендаровски, затоа што овој концепт нема алтернатива.

Ве повикувам сите на 24 април да направиме предвесник и за парламентарните избори на 8 мај.

На 24 април да гласаме за нашиот претседател Стево Пендаровски, да го заокружиме бројот 1 за европска иднина на Македонија.

Линк до видео

https://www.facebook.com/reel/3107877149351959?mibextid=0VwfS7

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК