Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

-Со јасен и конкретен план за европска иднина на Македонија, за економски напредок, за повисок животен стандард со поголеми плати и пензии, пред граѓаните излегуваат Пендаровски и Ковачевски, соопшти СДСМ.

„СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски имаат визија, знаење и храброст да ги завршат преговорите и да ја внесат држаата во полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Од друга страна Силјановска и ДПМНЕ наместо план и програма навредуваат, се закануваат, омаловажуваат.

Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните освен враќање назад во мрачното минато, во изолација и неизвесност, нови залудно загубени години.

Изборот пред граѓаните на овие избори е помеѓу надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +