Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со хеликоптер се гасне пожар на Шар Планина

На територијата на Национален Парк ,,Шар Планина” има активен пожар при што гори букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти.

Пожарот се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен стрмен терен.

ЦУК информира дека локацијата била и претходни години горена со што има голема количина лежечка дрвна маса во којашто огнот тлее преку ноќта, но повторно се активира во попладневните часови, а дополнително се тркалаат опожарени трупци и го пренесуваат огнот надолу многу брзо и со тоа зафаќаат поширока територија.

Ренџерската служба веќе три дена се обидува да го локализира пожарот, но земајќи ги предвид сите услови, нивните човечки ресурси се исцрпени, не се во можност сами да се справат со овој се уште активен пожар.

Исто како и во петок и вчерашниот ден се очекува дека денеска со зголемување на температурата и зајакнувањето на ветрот горењето повторно можно да биде обемно – информираа од националниот парк и побараа воздупловна помош од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Хеликоптер на МВР веќе дејствува.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +