17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Честитка од Оливер Спасовски по повод Рамазан бајрам

Честитка од Оливер Спасовски по повод Рамазан бајрам:

Почитувани граѓани од исламска вероисповед,
Упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам, со желби за благосостојба и мир.
Нека одрекувањето и воздржувањето за време на Светиот месец Рамазан ви ја обноват духовната сила со највисоките вредности на љубов, хуманост и меѓусебно разбирање. Сечиј дом нека биде исполнет со здравје, бериќет и духовен мир.
Покажавме дека во заедништво ја градиме европска Македонија, да продолжиме заедно по европскиот пат, надминувајќи ги сите предизвици.
Честит и благословен Рамазан Бајрам!