Centar.mk
БИЗНИС

Вучиќ: 2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Северна Македонија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Северна Македонија.

Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Северна Македонија и Албанија.

-Најголем дел од заинтересираните се од Северна Македонија, изјави Вучиќ на телевизија Информер.

Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА СЕ ОЧЕКУВА ИСПЛАТАТА НА ОКТОМВРИСКИТЕ ПЕНЗИИ – Некои пензионери би можеле да ги добијат парите и порано

ДЕСК

ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ ГО ПРОДАВА ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД ЕВТИНО, А ВО ПРОДАВНИЦА Е НЕКОЛКУКРАТНО ПОСКАП – Каде се создава разликата во цената?

ДЕСК

КУРСНА ЛИСТА ЗА 26 ОКТОМВРИ – Колку чинат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк

ДЕСК